
Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓
Двајца англиски обложувачи на уплатени 12.5 фунти освоиле добивка од скоро 400.000 фунти и тоа со чудни типови кои ретко се играат.




Уплатата на двајцата обложувачи е објавен и од „Бетфер“. Џон Ворти уплатил 10 фунти, додека Џек Хатчинс вложил 2.5, заедно освоиле 395.000 фунти.




Најинтересни се типовите кои го одиграли. Тие се обложиле на натпревари од Карабао купот во Англија. На мечот Тотенхем – Вулверхемптон се обложиле дека Леандер Дендокер два пати ќе шутира во рамките од голот со глава и за тоа коефициентот бил 251.




Вториот тип бил дека на натпреварот Челзи – Астон Вила Хаким Зијеш ќе шутне по еднаш во рамките од голот надвор од шеснаесетникот со двете нозе. За овој тип имало коефициент 176.
👁👁
— Betfair (@Betfair) September 23, 2021
📸 / 😳 @JonnyWorthy pic.twitter.com/8uY0sRwvxk