Дома Фудбал Германија Двата гола против Баерн го натераа Салихамиџиќ да спрема понуда за негов трансфер

Двата гола против Баерн го натераа Салихамиџиќ да спрема понуда за негов трансфер

Минхенски Баерн е заинтересиран за ангажирање на одличниот хрватски напаѓач Андреа Крамариќ од Хофенхајм.

Хрватот одлично ја започна и оваа сезона. Претходниот викенд беше незапирлив за одбраната на Баерн во победата од 4:1 и постигна два погодоци, а токму одличната игра во овој натпревар може на крајот да му донесе животен трансфер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хасан Салихамиџиќ веќе ги контактирал претставниците на хрватскиот напаѓач. Се распрашува за можноста за негов трансфер и останува да видиме дали овој 29-годишен играч во наредните денови ќе го направи својот животен трансфер.

Крамариќ веќе пет години го носи дресот на Хофенхајм. Постигна 77 погодоци на 153 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…