Дома Топ вести Дали Хаверц со еден потег го потврди трансферот во Челзи?

Дали Хаверц со еден потег го потврди трансферот во Челзи?

Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Откако го потврдија трансферот на Тимо Вернер, следна цел на „сините“ е ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. 

На социјалните мрежи веќе се појавија информации дека Челзи е заинтересиран за Хаверц, а интересно е што ѕвездата на Леверкузен стави „лајк“ на таа вест.

Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…