Дома Фудбал Англија Дали со оваа изјава Клоп откри кога ќе го напушти Ливерпул?

Дали со оваа изјава Клоп откри кога ќе го напушти Ливерпул?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп после освојувањето на Лигата на шампиони сега сака трофеј во Премиер лигата, нешто што „Енфилд“ го чека цели 30 години.

Ливерпул има моќен тим и ќе води голема битка за титулата со Манчестер Сити, а неодамна Клоп во разговор со „Кикер“ веројатно откри кога ќе ја напушти клупата на англискиот гигант.

Истакна дека после Ливерпул ќе замине на подолг одмор за да ги наполни батериите за нов предизвик.

„Се чини дека така ќе биде, но не можам со сигурност да кажам дали тоа ќе биде после три години. Ако одлучам дека не можам повеќе, ќе земам одмор. Имам енергија, но не сакам само така без ентузијазам да ја работам работата“.

„Големи се шансите моето ниво на енергија после една сезона пауза да порасне и повторно ќе можам да го правам тоа што го сакам“, истакна Клоп.

Германецот има договор со „црвените“ до 2022 година и веројатно после истекот на договорот ќе реши да прави пауза.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни дуели од Премиер лигата (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро…