Интер веќе со години бележи слаби резултати, тренерите се менуваат како на лента, а незадоволството на навивачите е се поголемо.
Италијанскиот гигант во текот на летната пауза повторно ќе направи значајни резови во тимот, а прва задажа на раководството на клубот е ангажирање на тренер кој ќе може да ги врати „нероаѕурите“ на врвот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека Интер после неуспешните преговори со Антонио Конте и Диего Симеоне, со сите сили ќе се насочи кон анктуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Интер наводно на 45-годишниот Аргнетинец е спремен да му понуди 10 милиони евра по сезона, а истиот извор тврди дека новиот спортски директор Валтер Сабатини пред неколку месеци имал средба со Покетино во Лоднон.
Доколку Покетино одлучи да се пресели во Италија, тогаш „нероаѕурите“ ќе мораат да му платат на Тотенхем обештетување од 5 милиони евра, колку што му е годишната плата.
BREAKING: Inter Milan want Mauricio Pochettino as their new manager, will approach him this week and willing to offer £8.5m a year. #THFC pic.twitter.com/W0yCZk8Cw0
— Transfer Swoop (@SwoopTransfer) May 14, 2017