Дома Топ вести Дали Марсело со оваа фотографија најави трансфер во Јувентус!?

Дали Марсело со оваа фотографија најави трансфер во Јувентус!?

0
marcelo

Кристиано Роналдо во вторникот после многу шпекулации и официјално стана нов фудбалер на Јувентус.

Што туку е комплетиран сензационалниот трансфер на Роналдо во вкупен износ од 105 милиони евра, веднаш започнува нова трансфер сага и тоа повторно во прашање е фудбалер на Реал Мадрид.

Според пишувањето на италијанскиот „Медијасет“, Португалецот побарал од претседателот Ањели да му направи услуга и во Торино да го доведе Марсело.

Марсело и Роналдо одлично соработуваа во Мадрид, па не би било изненадување доколку има вистина во таквата индормација, а дека не што можеби се „крчка“ најави и самиот Марсело.


Следете го Sportski.mk и на


Прво, во текот на вчерашниот ден го „заследи“ официјалниот Инстаграм профил на Јувентус, а денес објави фотографија на која се наоѓа заедно со Роналдо и под која стои: „Наскоро повторно заедно“….

Фотографијата набрзо беше избришана од профилот на Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед најде замена за Де Геа

Манчестер Јунајтед се соочува со сериозен проблем кога е голманот Де Геа во прашање, па „ц…