Неколку европски клубови веќе започнаа битка за потписот на Џеси Лингард, кој на лето ќе биде слободен агент.
Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и на лето ќе замина без обештетување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неколку клубови од Премиер лигата и Европа веќе ја започнаа битката за неговиот потпис. Најсилен интерес покажуваат Њукасл и Вест Хем од Англија, како и Милан и Рома од Италија.
Лингард вчера пристигна во посета на Милано и објави слика со својот пријател и поранешен соиграч Златан Ибрахимовиќ.
Англиските медиуми ова го протолкуваа дека Лингард кариерата може да ја продолжи во Италија, односно во Милано.
📸 Jesse Lingard on Instagram pic.twitter.com/z3V3i4c9gm
— Milan Posts (@MilanPosts) March 17, 2022