Англиските медиуми утрово најавија „луда“ трансфер информација дека во јануарскиот преоден рок може да дојде до трансфер од Ливерпул во Евертон.
Станува збор за напаѓачот Дани Ингс кој имаше многу проблеми со повредите откако пристигна на „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Евертон е силно заинтересиран за неговиот потпис, но ќе треба да се избори со конкуренцијата бидејќи Ингс е на мета уште на Кристал Палас, Саутемптон и Ватфорд.
Со оглед на голената конкренција во нападот, Ингс нема да добие голема минутажа оваа сезона кај Јирген Клоп, па и тој самиот сака да ја промени средината.
Меѓутоа, доколку се одлучи да премине во редовите на градскиот ривал тоа сигурно ќе биде шокантен трансфер.