Дома Македонски спорт Гуидети: Играчите на Шкендија голот го славеа како да освоиле ЛШ

Гуидети: Играчите на Шкендија голот го славеа како да освоиле ЛШ

Шкендија вчера одигра добар натпревар и резмириаше на гости против шведски АИК (1:1).

Шведскиот тим е фаворитот во овој двомеч но тетовци покажаа дека можат да им направат проблеми. Натпреварот беше отворен после само 26 секунди игра со голот на Ферхан Хасани. За АИК стрелец беше легендарниот Џон Гуидети кој во кариерата настапуваше за Сити, Барнли, Стоук и Селта.

Интересна изјава по мечот имаше токму Гуидети.

„Не одигравме добро, но не бевме ниту катастрофа. Создадовме доволно шанси да победиме, а кога гостите славеа гол како да освоиле ЛШ е доказ дека имаат комплекс, дека не чувствуваат дека се подобро. Во реваншот ќе се обидеме да направиме некои работи подобро, промашувањата тука скапо се плаќаат. Сега ние ќе се обидеме да трчаме на реваншот за да славиме кај корнерот, но не за гол, туку за следна рунда“, изјави Гуидети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Паднал договор: Чурлинов се сели во Барнли!

Новинарот Флоријан Плетенбург кој работи за германскиот „Спорт1“ објави дека постигнат е д…