Дома Фудбал Останато Гризман спремен да инвестира во НБА

Гризман спремен да инвестира во НБА

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец, Антоан Гризман откри дека е спремен да инвестира во некој клуб од најдобрата кошаркарска лига – НБА.

„Не ја следам многу француската кошарка. Но, многу гледам натпревари од НБА, тоа е како дрога. Да инвестирам во кошаркарски тим? Тоа е добра идеја. Отворен сум за понуди. Ако има некаква понуда со интересен проект, спремен сум да разговараме“, изјави Гризман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гризман никогаш не ја криел пасијата кон најсилната кошаркарска лига на светот и чесно може да се види на НБА натпревари, се разбира кога му дозволува времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пандев: На ЕП 2021 отидовме како растурена банда, без селектор подобро ќе игравме!

Горан Пандев, кој денес ја извршува функцијата директор во македонската репрезентација, го…