Ѕвездата на Атлетико Мадрид и на француската репрезентација, Антоан Гризман не ги крие апетитите кон „Златната топка“.
Гризман уште еднаш потврди дека е разочаран што не се најде на финалниот избор на ФИФА за „Играч на годината“, но вели дека ќе направи се за да на освои „Златната топка“ која ја доделува „Франс фудбал“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жално е што нема ниту еден Французин меѓу номинираните за наградата на ФИФА. Одигравме фантастично Светско првенство и неколку фудбалери заслужија, како Мбапе, Варан, Канте како и јас“, истакна Гризман.
„Мислам дека Златната топка е попрестижна, има побогата историја. Ќе дадам се од себе во следните три месеци за да ја освојам Златната топка“, додаде Гризман.
Нема сомнеж дека француското лоби е многу силно, па Гризман најверојатно ќе се најде меѓу финалистите за „Златната топка“.
Antoine Griezmann on the front cover of AS today: "I feel I'm now perceived in the same light as Messi and Cristiano"https://t.co/8totnYv45C … pic.twitter.com/PyT1KL3tEq
— AS English (@English_AS) September 17, 2018