Дома Топ вести Гризман објаснува зошто ја одбил Барселона, влијаел и – Меси!

Гризман објаснува зошто ја одбил Барселона, влијаел и – Меси!

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман во текот на летото беше на големо поврзуван со трансфер во Барселона и целата зделка беше блиску до реализација, сепак на крајот остана во Атлетико.

Сагата траеше навистина долго време, за Гризман пред почетокот на Мундијалот да донесе одлука и да потврди дека останува во таборот на „јорганџиите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Гризман сега за „Канал Плус“ откри и ја објасни својата одлука да остане во Атлетико.

„Дали беше тешко да се одбие Барселона? Секако, многу тешко. Пред вас е Барселона за која знаете дека ве сака, но од друга страна е клубот каде што сте важен играч и каде што се гради проект околу тебе. Одлучувачкиот фактор? Ситуацијата кога ги видов соиграчите, посебно тренерот после натпреварот во кој добив свирежи. Тој дојде во мојот дом и се обидуваше да ме смири и да ми порача дека секогаш ќе ја имам неговата поддршка“.

„Веројатно влијаеше и тоа што требаше да бидам некој кој ќе му помага на Меси. Сите во клубот направија се за да се чуствувам дека мојот дом е тука. Беше тоа навистина тешка одлука, тоа најдобро го знае и мојата сопруга со која на таа тема разговарав и во три часот наутро“, откри Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…