Францускиот крилен напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман потврди дека на крајот од сезоната по пет години ќе го напушти клубот.
Веднаш по објавените видео материјали на официјалниот Твитер профил на клубот од Мадрид, медиумите во Шпанија го преселија искусниот Гризман во Барселона. Интересот постоеше и тоа не беа само обични шпекулации. Проблемот се појави во соблекувалната на тимот, бидејќи Меси и друштвото наводно не сакаат „разгален“ играч меѓу нив.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ернесто Валверде потврди дека Барселона го сака Гризман, но дека конечно ќе одлучи по натпреварот во Купот на Кралевите кој на програмата е овој викенд. Наводно, Французинот е нетрпелив и не сака да дозволи подоцна да пристигне на припремите на новиот клуб и тука во приказната се приклучува Манчестер Јунајтед.
Англискиот гигант веќе ги подготви парите кои ги сака управата на Атлетико Мадрид и ќе се обиде работата да ја заврши до крајот на месецот, само прашање е дали напаѓачот ќе се задоволи со играње во Лигата на Европа следната сезона.
Man Utd actively pursuing £107million Antoine Griezmann transfer |@DiscoMirrorhttps://t.co/hcfwEr6OZR pic.twitter.com/GRjw3PeUg6
— Mirror Football (@MirrorFootball) May 24, 2019
Manchester United enter the race for Antoine Griezmann #MUFC https://t.co/oZ6Q7VMSu3
— Daily Star Sport (@DailyStar_Sport) May 24, 2019