Дома Видео Гризман и Меси со по два погодоци ја декласираа Гранада

Гризман и Меси со по два погодоци ја декласираа Гранада

Во натпреварот од 18. коло во Ла Лига Барселона како гостин ја победи Гранада со 4:0.

Барселона оваа сезона често правеше киксови, но во Гранада беше на своето ниво и на крајот оствари висока победа со 4:0.

Стрелци на головите беа Гризман (12 и 63 минута) и Меси (35 и 42 минута).

Со оваа победа Барселона дефинитивно се враќа во игра за титулата, бидејќи сега е трета на табелата со 34 бода, додека водечкиот Атлетико има 38. бода, кој има три натпревари помалку од Каталонците.

Инаку, Меси со вечерашните два погодоци го престигна Морена и сега со 11 погодоци е прв стрелец во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Македонија утре ќе биде ослабена, не игра ниту Николов

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за утрешниот натпревар…