Дома Фудбал Гризман за првиот гол на „Камп Ноу“ подготвува нешто специјално

Гризман за првиот гол на „Камп Ноу“ подготвува нешто специјално

Францускиот напаѓач Антоан Гризман ова лето направи трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона.

Барселона за ангажман на Гризман ја плати неговата откупна клазула која изнесуваше 120 милиони евра и така го доведе најзвучното засилување во досегашниот преоден рок.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каталонците се убедени дека Гризман ќе биде полн погодок и ќе ја оправда големата сума која Барселона ја вложи.

Големи очекувања од својата нова авантура има и самиот Гризман која најави дека подготвува нешто специјално за првиот гол кој ќе го постигне на „Ноу Камп“.

„Подготвувам посебна прослава на „Камп Ноу“ се надевам дека се ќе испадне како што планирам“, изјави Гризман, но не сакаше да открие повеќе детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aмериканците сè повеќе гледаат фудбал: Вакви бројки некогаш не можеа да се замислат!

Истражување на Economist открива значителен пораст на популарноста на фудбалот во САД, кој…