Дома Фудбал Гризман го „пецна“ Куман: Дешамп знае каде да ме постави

Гризман го „пецна“ Куман: Дешамп знае каде да ме постави

Антоан Гризман синоќа во Загреб одигра добар меч за репрезентацијата на Франција и постигна гол во победата над Хрватска.

Напаѓачот на Барселона го постигна 33 гол за националниот тим со што се зацврсти на петтото место на вечната листа.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


„Мислам дека ова беше еден од моите најубави голови. Се чуствувам добро, тренерот знае на која позиција да ме постави. Јас придонесувам повеќе кога чувствувам доверба од тренерот“, изјави Гризман.

Овие зборови на Французонот медиумите ги протолкуваа како напад врз тренерот на Барселона, Роналд Куман, кој го става Гризман на десното крило, а не како централен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен потег на Бразилците: Го игнорира селекторот и сами избраа кој ќе шутира пенал 🎥

Репрезентацијата на Уругвај ја елиминираше селекцијата на Бразил во Лас Вегас после подобр…