Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Грижи за Шпанците: Пике го повреди коленото!

Грижи за Шпанците: Пике го повреди коленото!

Дефанзивецот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Жерар Пике заработи повреда на коленото на денешниот тренинг на својата селекција, пред Мундијалот во Русија, пренесува „Марка“.

Како што пишува реномираниот шпански медиум, Пике имла незгоден доскок при еден дуел по што почуствувал болка во левото колено и морал да го напушти тренингот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Набрзо беше одведен на подетални испитувања, а за каква повреда се работи се очекува да биде соопштено во текот на денешниот ден.

Пике во текот на измината сезона имаше проблеми со коленото, поради што пропушти неколку натпревари во дресот на Пике.

Овој искусен дефанзивец во дресот на националниот тим настапи на 95 натпревари и постигна пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Неверојатен гол во Хрватска: Дупка го измами голманот и топката заврши во мрежата (Видео)

Фудбалерите на Истра постигнаа важна победа во нивната борба за пласман во Европа, совладу…