Дома Трансфер зона Грешка на векот: Турски клуб купи погрешен играч!

Грешка на векот: Турски клуб купи погрешен играч!

Трансфер пазарот шурум Европа е во полн ек, а од Турција ни доаѓа една неверојатна сторија.

Имено, турскиот второлигаш Мененеспор купи погрешен играч, од погрешна лига и од погрешен клуб.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Проблемот настанал поради истите презимиња на играчите. Турскиот клуб го сакал Лемин Јалоу од Салернитана, кој минатата година во Серија Б постигна шест гола.

Наместо него го купиле Алфа Јалоу, кој игра во аматерскиот клуб Алкошетененсе во третата португалска лига.

Играчот отпатувал во Турција, неговиот клуб ги испратил документите, а Турците се сетиле дека направиле грешка пред самиот потпис на договорот.

Кога виделе дека тоа не е „вистинскиот“Јалоу го откажале трансферот со изговор дека играчот не ги поминал лекарските прегледи.

Инаку двајцата фудбалери се од Гамбија, „вистинскиот“ Јалоу игра и за репрезентацијата, а „лажниот“ Јалоу е аматер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…