Манчестер Сити ја одби понудата на Интер за десниот бек Даноло од 13,5 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
Откако на кормилото на Интер седна Антонио Конте побарал од раководството да се засилат бековските позиции, а Данило е прва мета.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
27-годишниот Бразилец не добива голема минутажа кај Гвардиола и дал согласност за трансфер во Милано, но двата клуба се далеку од договор.
Првата понуда на Интер од 13,5 милиони евра експрено беше одбиена, а медиумите тврдат дека Сити нема да го пушти Данило за помалку од 25 милиони евра.
„Нероаѕуроте“ се мачат да најдат адекватно решение на десната бековска позиција. Оваа сезона на позајмица пристигнаа Варсаљко и Сердик, но двајцата не ги оправдаа очекувањата и нема да бидат откупени.
Поради тоа се претпоставува дека наскоро ќе испратат нова понуда за Данило, која со вклучени бонуси ќе достигне до 20 милиони евра.