Дома Актуелно Го прекрши договорот и го измами Наполи, а сега договори трансфер во Бундес лигата

Го прекрши договорот и го измами Наполи, а сега договори трансфер во Бундес лигата

Како што пренесуваат германските медиуми, репрезентативецот на оваа земја пронашол нов ангажман.

Амин Јунес во јануари беше го привлече вниамнието на себе поради потенцијалниот трансфер во редовите на Наполи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунес дури и пристигна во Неапол каде што требаше да стави потпис на пред договор со тимот на Маурицио Сари, од „Сан Паоло“ тврдат дека и тоа го направил, додека Јунес упорно тврди дека не потпишал ништо. На крајот секако нема да се пресели во еден од најдобрите тимови во Серија А.

Според информациите не му се допаднал градот, а имал и непријатна средба со претставници на Камора (мафија во Неапол) и сето тоа било доволно да се откаже од веќе договорениот трансфер.

Се врати во Ајакс да го доврши договорот, а пред неколку месеци одби да го послуша тренерот Ерик Тен Хаг кога побара од него да оди на загревање за да влезе во игра. Со ваквиот потег тој си ја заврши кариерата во холандскиот клуб.

Како што сега стојат работите тој се враќа во Германија, во редовите на Волфсбург.

Германскиот клуб му понудил неколку милиони евра веднаш доколку потпише за нив, Јунес наводно се согласил и од наредната сезона би требало да игра во Бундес лигата.

Сепак, може да се случи Волфсбург да испадне во втората германската лига, па не би било чудно доколку таквата опција стане реалност Јунес да се откаже и од овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…