Дома Фудбал Останато Го прекршил карантинот поради саканиот клуб, па клубот го награди

Го прекршил карантинот поради саканиот клуб, па клубот го награди

АЕК Атина еден навивач го награди со сезонски биле за следната сезона поради тоа што во период на карантин ја искажал својата силна љубов кон клубот.

Имено, еден постар навивал излегол од својот дом и покрај строгите забрани кои се на сила во Грција поради коронавирусот, за да види како напредува изградбата на новиот стадион на АЕК.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според медиумите во Грција, станува збор за верен навивач на атинскиот клуб, кој двапати седмично, со автобус, го посетувал новиот стадион и ја следел изградбата, иако се наоѓа во друга населба, неколку километри од местото каде што живее. -Тргнав да го видам стадионот на АЕК, вели Константинос Фотинос за телевизија

Поради оваа љубов кон клубот, навивачот бил казнет со 150 евра, а АЕК одлучил да му ја плати казната и да го награди со сезонски билет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер по секоја цена посакува еден од најдобрите во Рим

Ману Коне, дефанзивец од средниот ред на Рома, повторно е на радарот на Интер. Францускиот…