Мечот меѓу Верона и Бреша беше во центарот на вниманието откако домашните навивачи расистички го навредуваа Марио Балотели, па овој сакаше демонстративно да го напушти теренот.
Неколку десетици локални навивачи отворено го навредуваа Марио Балотели со имитирање на крик на мајмун.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Водачот на навивачката група на Верона Лука Кастелини после мечот додатно го навреди Балотели, па денес доби жестока казна.
Имено, Кастелини доби 11-годишна забрана за одење на стадионот „Марк’Антонио Бентегоди“ и тоа од сопствениот клуб.
Клубот неговите ставови ги објасни како „целосно спротивни на етичките принципи на нашиот клуб“ притоа забранувајќи му да се појавува на домашните натпревари до 30 јуни 2030 година.
Навивачката група „Курва Суд“ негодува за суспензијата на водачот, па се закани дека нема да присуствува на натпреварите.