Јувентус е исклучително активен на трансфер пазарот ова лето и е на добар пат да го обезбеди второто големо засилување.
После Даглас Луиз на добар пат да стане нов фудбалер на Јувентус е и Кефрен Турам од Ница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
22-годишниот играч за врска игра фантастично, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ова лето сака да направи чекор напред во кариерата.
Турам влезе во последната година од договорот, па Јувентус за неговиот потпис ќе плати 20 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси.
Кефрен е син на легендата на Јувентус, Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Интер, Маркус Турам.
⚪️⚫️ K.Thuram alla @juventusfc, operazione in chiusura. Al Nizza 20 milioni più 5 di bonus @cmdotcom pic.twitter.com/fQ84N9KcVF
— Daniele Longo (@86_longo) July 2, 2024