Дома Топ вести Готово: Рамос става потпис и останува „крал“, нов договор добива и Модриќ!

Готово: Рамос става потпис и останува „крал“, нов договор добива и Модриќ!

Иднината на Серхио Рамос во последно време е главна тема во спортските медиуми.

Капитенот на Реал Мадрид влезе во последната година од договорот и се уште не може да се договори со „кралевите“ за продолжување на соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми тврдат дека после подолго време преговори, Реал донел одлука да ги задоволи барањата на својот капитен. Претседателот Перез е спремен да ги прекрши принципите и ќе му понуди двегодишен договор, наместо договор на една година.

Во Реал имаат принцип на фудбалерите постари од 30 години да им ги продолжуваат договорите само на една година, но поради Рамос се спремни да направат отстапка.

34-годишниот дефанзивец е исклучително важен за тимот како на теренот, така и во соблекувалната, а веќе има понуди од неколку европски гиганти.

Според последните информации нов едногодишен договор ќе потпише и Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…