Дома Фудбал Останато Готово: Познато кој ќе биде нов тренер на Роналдо во Ал Наср

Готово: Познато кој ќе биде нов тренер на Роналдо во Ал Наср

Стефано Пиоли отпатува за Саудиска Арабија каде што ќе потпише договор со тимот на Ал Наср.

Тој денеска беше во просториите на Милан за спогодбено да потпише раскин на договорот, по што се упати за Џеда.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пиоли на клупата ќе го замени Луис Кастро, кој по нешто повеќе од една година го напушти клубот.

Италијанецот претходно работеше во Милан со кој го освои и Скудетото, а на клупата на „росонерите“ беше од октомври 2019 година до крајот на минатата сезона. Претходно ги водеше Фиреонтина, накратко и Интер во сезоната 2016/17, Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Сасуоло, Пјаченца, па ова му е прва работа надвор од татковината.

Главната цел на Пиоли во Ал Наср ќе биде да се запре Ал Хилал кој е главен фаворит за титулата во саудиското првенство и оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…