Дома Топ вести Готово: Наполи ја купи ѕвездата на Сасуоло за 35 милиони

Готово: Наполи ја купи ѕвездата на Сасуоло за 35 милиони

Наполи постигна договор со Сасуоло за трансфер на италијанскиот репрезентативец, Џакомо Распадори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Распадори важи за еден од најголемите италијански таленти и одигра уште една одлична сезона, па Наполи во него гледа идеален наследник на Мертенес.

Наполитанците веќе имаше договор со напаѓачот за 5-годишна соработка и изминатиот период преговараше со Сасуоло.

„Скај Италија“ пренесува дека двете страни постигнале конечен договор и Наполи за Распадори ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Се очекува напаѓачот во текот на денот да пристигне во Неапол, а утре да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…