Дома Фудбал Италија Готово: Наполи го избра новиот тренер

Готово: Наполи го избра новиот тренер

Наполи синоќа не успеа да ја победи Верона на домашен терен и остана без пласман во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само еден час после натпреварот претседателот Де Лаурентис му врачи отказ на тренерот Џенаро Гатузо, иако од поодамна беше јасно дека двете страни ќе се разделат.

Последните информации од италијанските медиуми се дека Наполи веќе го избрал тренерот за следната сезона, а станува збор за Серџо Консеисао.

Консеисао имаше одлични резултати со Порто и е спремен да направи чекор напред во кариерата, па ја прифатил понудата на Наполи.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека се е договорено и дека наскоро се чека официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд го прашаа за Франција: Веќе ви кажав дека не ми е гајле…

Ерлинг Халанд го поддржа тренерот Стале Солбакен за неговата контроверзна одлука да ги одм…