Дома Трансфер зона Готово: Милан има нов голман

Готово: Милан има нов голман

Тоа што го најави „Газета дело Спорт“ сега доби и потврда, Милан договори нов голман за следната сезона.

Станува збор за Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, и кој оваа сезона е избран за најдобар во Лига 1.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан ја победи конкуренцијата и постигна 5-годишен договор со голманот, а на Лил ќе му плати 16 милиони евра за неговиот потпис.

Донарума одолговлекува и не сака да стави потпис на нов договор тежок 8 милиони евра по сезона, па Милан мораше да бара нов голман. Наводно „росонерите“ му дале ултиматум од 15 дена на Донарума и доколку не потпише ќе го официјализираат трансферот на Мањан.

Француските медиуми тврдат дека се е договорено со Мањан и Милан го чека крајот на сезоната за да го официјализира трансферот на новиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…