Дома Фудбал Италија Готово е: Раиола го договори трансферот на Донарума, се чека на официјализација

Готово е: Раиола го договори трансферот на Донарума, се чека на официјализација

Контроверзниот менаџер Мино Раиола, конечно успеа да ја оствари целта и го договори трансферот на голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раиола и 19-годишниот чувар на мрежата не се омилени ликови меѓу навивачите, но и раководството на „Росонерите“.

Долго се зборуваше за неговото заминување од „Сан Сиро“, а тоа на крајот од ова лето ќе се случи.

Донарума би требало да стане нов член на француски ПСЖ. Како што наведува Франс Фудбал, Раиола договори се со ПСЖ кој за услугите на младиот голман ќе исплати на Милан околу 60 милиони евра.

Него на голот на Милан ќе го замени Пепе Реина со кој веќе е постигнат договор и кој ќе се придружи на Милан како слободен играч од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рашфорд е на чекор од потпис со новиот клуб?

Тотенхем забрзано ги засилува редовите во летниот преоден период и се чини дека следната г…