Дома Трансфер зона ГОТОВО Е: Бонучи во Јуве, Калдара и Игуаин во Милан – познати и деталите од зделката!

ГОТОВО Е: Бонучи во Јуве, Калдара и Игуаин во Милан – познати и деталите од зделката!

Еден од најпознатите новинари во Италија вечерва и човек кој важи за добро упатен посебно кога се работи за случувањата во Јувентус, вечерва објави дека договор помеѓу „старата дама“ и „росонерите“ е постигнат!

Ромео Агрести важи за еден од најпознатите новинари во Италија, а токму тој вечерва објави дека се е завршено и дека е постигнат договор за трансферите на Бонучи, Калдара и Игуаин.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според Агрести Милан и Јувентус ги проценуваат Калдара и Бонучи на 40 милиони евра и тие ќе бидат разменети „глава за глава“. Дополнително Милан ќе го ангажира и Игуаин за сума од 18 милиони евра со можност за откуп за износ од 36 милиони евра.

Дополнително Агрести објави и дека е Бонучи во Јувентус прифатил плата од 5.5 милиони евра по сезона.

Со оглед дека објавено е од човек кој е добро известен и ретко кога се занимава со шпекулации наскоро треба да очекуваме и потврда од двата клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…