Дома Македонски спорт Мак фудбал Горан Симов повеќе не е тренер на Вардар!

Горан Симов повеќе не е тренер на Вардар!

Тимот на Вардар не ја започна како што се очекуваше сезоната во втората лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После промената на раководството се навивачите очекуваа Вардар да почне и да победува во втората македонска лига, но резултатите не се според очекувата. После поразот од Велешта во јавноста имаше силни реакции, а денес клубот потврди дека Горан Симов си заминува од тренерската позиција. Улогата на привремен тренер ќе ја има неговиот помошник Никола Глигоров.

„Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров“, соопштија од клубот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …