Репрезентацијата на Македонија утре ќе го стартува Европското првенство во Дебрецин против селекцијата на Словенија. На еден ден пред овој натпревар позитивен тест на ковид-19 доби голманот на Словенија Аљаж Пањтар.
Според новите правила на ЕХФ Пањтар ќе мора да остане во карантин во наредните пет дена, а потоа треба да направи два нови теста и доколку тие бидат негативни ќе добие дозвола за настап.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пред патувањето во Дебрецин Македонија се соочи со сличен проблем, поради позитивни тестови во Скопје останаа голманите Митревски и Кизиќ. Двајцата сигурно нема да му бидат на располагање на Лазаров во натпреварите со Словенија и Црна Гора.
Дуелот со Словенија го играме утре во 18:00 часот.