Во вчерашните натпревари во Бундеслигата беше забележана една сцена каква што не се случува често на фудбалските терени. Голманот на Бохум, Мануел Риман влезе во физичка пресметка со навивач на својот тим.
Бохум на табелата е прв тим над опасната зона, а во вчерашниот натпревар беше поразен од Штутгарт со 3:2. Тоа беше директен дуел на конкуренти во битка за опстанок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Бохум беа незадоволни од поразот, па го испровоцирале голманот Мануел Риман.
Римен се качи на трибините и влезе во жестока расправија со навивачот, а имаше и физички контакт.
WTF is this?! Vfl Bochum keeper and unhappy fan… pic.twitter.com/J1R2sbn18j
— Topliss at the Turnstiles (@Topliss94) April 9, 2023