Дома Фудбал Репрезентации Голманите се жалат на топката – на Мундијалот ќе видиме најмалку 35 голови со удар од далечина!

Голманите се жалат на топката – на Мундијалот ќе видиме најмалку 35 голови со удар од далечина!

de gea

Претстојното Светско првенство во Русија ќе се игра со топката од „Адидас“ „Телестар 18“, која ФИФА ја претстави уште кон крајот на 2017 година.

Со оваа топка најдобрите светски селекции неодамна имаа прилика да се запознаат и на пројателските натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судејќи според првите коментари, „Телестар“ би можелa да биде новата „Џабулани“ (СП 2010) топка на која голманите исто така се жалеа.

„Би можел да се обложам дека на Светското првенство ќе видиме најмалку 35 голови од далечина. Мислам дека топката треба да се промени, додека се уште има време“, изјави Пепе Реина кој доби поддршка и од неговиот репрезентативен колега.

„Навистина е чудно. Можеа да ја направат малку подобра, нејзиниот лет е непредвидлив“, изјави Давид Де Геа кој во натпреварот против Германија прими гол со удар од далечина.

Критики за топката имаше и Германецот, Тер Штеген.

„Топката можеше да биде подобро, но мислам дека едноставно мораме да ја прифатиме и да се навикнеме на неа пред почетокот на Светското првенство. Немаме друг избор“, изјави Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…