Дома Фудбал Голем триумф за Севиља во Мадрид, Валенсија славеше преку пресврт над Алавеш

Голем триумф за Севиља во Мадрид, Валенсија славеше преку пресврт над Алавеш

Дербито помеѓу Атлетико и Севиља не понуди многу во првите 70 минути од мечот, но потоа настана вистинска драма.

Домашниот тим успеа да поведе во 73. минута кога мрежата на гостите ја затресе Диего Коста.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, само седум минути подоцна, Севиља изедначи со автоголот на Моје, а во самиот финиш екипата на Монтела стигна до пресврт преку Коре.

Фантастичен меч на Местаља, вечерва одиграа и Валенсија и Депортиво Алавеш, а домашниот тим преку пресврт стигна до триумф ос 2:1. Гостите поведоа преку Собрин во 66. минута, но домашните за само девет минути направија пресврт.

Прво во 73. минута, на 1:1 изедначи Гуедеш, додека пресврт донесе Родриго девет минути подоцна што беше и конечниот резултат на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иднината на Ендрик беше решена по средба во Мадрид

Претставници на Ендрик се сретнаа вчера со извршниот директор на Реал Мадрид Хосе Анхел Са…