Дома Останати Тенис Голем скандал: Еден од најпознатите светски тенисери ја тепал девојката поради „лајкови“ на Инстаграм

Голем скандал: Еден од најпознатите светски тенисери ја тепал девојката поради „лајкови“ на Инстаграм

Поранешниот тениски рекет број два, Александар Зверев, доби казнена наредба и парична казна од германскиот суд, откако беше обвинет за физичко малтретирање на својата поранешна девојка.

Зверев (26) беше казнет со 450.000 евра објави агенцијата АФП.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зверев ги негира обвиненијата и поднесе приговор против наредбата, што значи дека тој останува законски невин и не е осуден до конечната пресуда.

Казнениот налог во Германија се издава кога судијата, по испитувањето на писмените докази, смета дека може да се донесе одлука без да се оди на судење. Обвинетиот има право да го оспори казнениот налог, што најверојатно ќе доведе до јавно судење.

Во интервју неговата поранешна девојка Бренда откри и детали од нивните расправии кои знаеле да настанат откако тој ќе и го проверел телефонот.

„Зверев е љубоморен човек. Постојано ми го проверуваше телефонот. Понекогаш се каравме поради ‘погрешен лајк’ на Инстаграм, а неговиот гнев често се претвораше во физичко насилство“, изјавила девојката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…