Лионел Меси за прв пат во неговата кариера е слободен играч откако му истече договорот со Барселона минатиот месец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона прави се што е во нејзина моќ за да го задржи, но се соочува со големи финансиски проблеми. Потребно е значително да ги намали платите за да ослободи буџет за новиот договор на Аргентинецот.
Меѓутоа, тоа не оди лесно бидејќи многу фудбалери одбиваат да ја напуштат Барселона или едноставно нема понуди од други клубови.
Целата таа конфузија која владее во гигантот од Камп Ноу сака да ја искористи Манчестер Сити. Англискиот шампион чека вистинска шанса за да испрати понуда до Лео Меси.
Наводно и самиот Меси е уморен од целата ситуација и нема уште долго да ја чека Барселона, па е спремен да ја слушне понудата на „граѓаните“ и да се пресели во Манчестер Сити.