Дома Останати Големиот Штербик ја однесе Шпанија во финале

Големиот Штербик ја однесе Шпанија во финале

Репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство, откако во полуфиналето ја совлада фаворизираната Франција со резултат 23:27.

Шпанија одлично го започна натпреварот, а клучна улога одигра и Арпад Штербик кој одбрани три пенали, два во првото полувреме и и овозможи на „фуријата“ да направи предност од 6 гола разлика на полувремето (9:15).

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во второто полувреме Шпанија стигна до 9 гола предност, но Французините не се предадоа, постигнаа 6 гола по ред и на десет минути до крајот стигнаа до само три разлика (20:23). Црната серија на „фуријата“ ја прекина Канељас кој погоди за 20:24, а потоа Шпанија рутински ја задржа предноста до крај.

Најефикасен во победничкиот тим беше Соле со 7 гола, а Ентрериос постигна шест погодоци. Кај Французите најефикасен беше Сорендо со шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ракометарите ќе играат против Јапонија на домашен терен!

ЕХФ неделата што следува во октомври ќе биде прва работна за машките репрезентации, а Маке…