Италијанскиот гигант Милан зад себе има уште една сезона за заборав во која екипата на Гатузо избори пласман само во Лигата на Европа.
Од Милан веќе неколку сезони се очекува да се врати на старите патеки на славата, но тоа не им оди од рака. Росонерите ни оваа сезона не успеаа да изборат пласман во Лигата на Шампионите, а изгледа дека од ден во ден клубот од „Сан Сиро“ во своите редови има се повеќе проблеми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми, ова лето се очекува голема распродажба во екипата, особено на играчите кои беа многу скапо платени минатата година. Росонерите во своите редови доведоа многу фудбалери, но сеедно не успеаа да го остварат посакуваниот резултат.
Наводно, листата на играчи кои ќе се најдат на трансфер листата е доста голема, но навивачите се изненадени што на истата се наоѓаат некои играчи што ги оправдаа очекувањата како Рикардо Родригез. За овој Швајцарец се шпекулира дека ќе се врати во Бундеслигата, додека по неговите чекори би можеле да си заминат уште Андре Силва, Никола Калиниќ, Џанлуиџи Донарума, Сусо и Запата.