Луис Хамилтон и Mercedes AMG Petronas ги однесоа пофалбите и честа за трката за Големата награда на Кина. Второто место му припадна на Себастијан Фетел, додека третата позиција ја зазеде Макс Верстапен од Red Bull. Четвртата позиција во Шангај, со своето солидно возење, ја освои Даниел Рикардо, додека петти беше Кими Раиконен.
Причина за, буквално речено, потфрлањето на Ferrari лежи во тактичкиот распоред после летечкиот старт во седмиот круг. Имено, возачите на Red Bull во тие моменти го блокираа тандемот до Ferrari, што на Хамилтон му даде можност за создавање, како што се испостави, клучна предност веќе во првиот дел од трката за Големата награда на Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа на некој начин ја реши Големата награда на Кина, но вредно е да се каже дека за Фетел и Ferrari нештата не тргнаа како што треба од самиот старт. Дирекцијата на трката иницираше истрага против возачот на Scuderia Ferrari, поради неправилна положба на болидот во стартниот простот. Имено, SF 70 H болидот стоеше вкосо свртен ко W o8 формулата на Луис Хамилтон кој стартуваше од првата позиција. После тоа, развојот на ситуацијата на патеката беше диктиран од судирот на Антонио Џовинанци од Заубер. Сè се случи веќе во четвртиот круг, што предизвика излегување на безбедносното возило на патеката во Шангај. Летечкиот старт после тоа го означи новиот почеток на битката во седмиот круг, а повеќето тимови периодот на затишје го искористија за посета во боксот поради замена на пневматици.
Така почна битката за втората и третата позиција која дозволи Mercedes AMG Petronas мирно да го следи темпото на Хамилтон кој создаваше сè поголема предност. За тоа време, Фернандо Алонсо и McLaren Honda правеа сјајни кругови, но јапонското срце во болидот од Вокинг не издржа. Штофел Вандорн и Фернандо Алонсо се откажаа поради технички проблеми.
Комплетниот впечаток после трката за Големата награда на Кина е дека и покрај конечниот резултат, Ferrari не покажа недоследност, односно неконкурентност во однос на Mercedes. Во прилог на тоа тврдење оди и податокот дека Фетел и Хамилтон тесно се тркаат во генералниот пласман на Формула 1. Моментално е 43:43.