Селекторот на Велс и легенда на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс негира дека ја нападнал својата девјка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, утрово се појавија информации дека Гигс бил приведен затоа што физички ја нападнал својата девојка. Полицијата го ослободила откако платил кауција. Меѓутоа сега тој преку соопштение ги негираше таквите информации.
„Господинот Гигс ги негира сите информации објавени против него. Тој соработува со полицијата и ќе продолжи да помага во истрагата“, објавија неговите претставници.