Барселона и Милан покажуваат сериозен интерес за младиот напаѓач на Аталанта, Расмус Хојлунд, пренесуваат италијанските медиуми.
19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната веќе постигна 5 гола во Серија А и го покажа својот потенцијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона сака прва да застане во редот за неговиот потпис и веќе спремила понуда од 40 милиони евра, бидејќи верува дека наскоро клубовите од Англија ќе понудат повеќе за младиот напаѓач.
Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 17 милиони евра, но неговата цена порасна повеќе од двојно.
Синоќа на мечот против Лацио со еден потег го покажа својот талент, но и надмоќ над противничките дефанзивци.
Rasmus Hojlund is RAPID ⚡️ pic.twitter.com/yLonzMCQEK
— Uncle $harma 🎙️ (@RSharmzz) February 11, 2023