Дома Фудбал Германија Германците ги објавија платите во Баерн, Мане најплатен

Германците ги објавија платите во Баерн, Мане најплатен

Германските медиуми денес ги објавија платите во екипата на Баерн Минхен.

Според она што е објавено најплатен во Баерн е Садио Мане кој летово пристигна во Минхен за 32 милиони евра. Во Баерн Сенегалецот заработува 22 милиони евра бруто или околу 11 милиони евра по сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На врвот Мане се најде откако си замина Роберт Левандовски, полскиот напаѓач добиваше плата од 25 милиони евра, но летово се пресели во Барселона. Така зад Мане е капитенот Мануел Ноер со 21 милиони евра годишно, потоа Томас Милер со 20.5, Коман со 20 и Лерој Сане со 20.

Од целиот тим на Баерн само петмина заработуваат помалку од пет милиони евра по сезона, на дното на листата се двајца Хрвати. Јосип Станишиќ со два милиони евра и Габриел Видовиќ со еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пензијата не му може ништо: Погледнете како денес изгледа Герет Бејл (Фото)

Поминати се повеќе од две години откако легендарниот велшки фудбалер Гарет Бејл ја заврши …