Дома Останати Ракомет Германија ја прегази Австрија во Виена

Германија ја прегази Австрија во Виена

Ракометната репрезентација на Германија ја совлада Австрија со 34:22 и тоа на крајот може да и го донесе третото место во групата и борба за паттата позиција во конечниот пласман на Европското првенство.

Германците со поразот од Хрватска останаа без шанси за полуфинале, но беа мотивирани во денешниот натпревар против домаќинот во Виена.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Австријците водеа на почетокот, меѓутоа потоа Германија влезе во ритам и на полувреме замина со 16:13. Предноста од минута во минута во второто полувреме само растеше, за на крајот да изнесува 12 голови разлика.

Тимо Кастенинг беше најефикасен со шест гола, додека пет постигна Тобијас Реичман. Никола Билик на другата страна пет пати се запиша во листата на стрелци.

Германија во последното коло игра со Чешка и бод ќе и биде доволен за обезбедување на третата позиција, додека Австрија за крај на турнирот ќе игра Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групн…