Поранешниот десен бек на „црвените ѓаволи“, Гери Невил (43) помина 19 сезони на „Олд Трафорд“ и имаше прилика да игра рамо до рамо со едни од најголемите фудбалери на сите времиња.
Од Ерик Катона, преку Рио Фердинанд, па се до Вејн Руни, под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, пред најголемото дерби во Англија помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул кое се игра утре од 17:00 часот, Џејми Карагер откри што во една прилика му кажал Невил.
„Гери Невил во една прилика ми кажа дека во кариерата играл само со двајца играчи од светска класа“, пишува поранешниот играч на Ливерпул во својата колумна за „Телеграф“.
„Еден од нив бил Кристиано Роналдо, а вториот Шмајхел. За нив кажа дека се најзаслужни за успехот на Манчестер Јунајтед“, додава Карагер.
Многумина сигурно нема да се сложат со Невил бидејќи, јасно е дека Јунајтед на фудбалот му даде многу повеќе играчи од светска класа.