Позирајќи пред приватниот авион во опуштено издание, вереницата на Кристиано Роналдо, Георгина Родригез се фотографираше пред да отпатува за Париз.
Ова дополнително ги разгоре шпекулациите за можна преселба на Кристиано Роналдо во ПСЖ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Роналдо сезонава беше често критикуван затоа што не игра на врвно ниво, а Јувентус очигледно до крајот на сезоната ќе мора да се бори за место кое обезбедува пласман во ЛШ.
Поради тоа Роналдо на крајот на сезоната најверојатно ќе ја напушти „старата дама“, а ПСЖ е прв фаворит за неговиот потпис.