Дома Трансфер зона Гендузи сака да го напушти Арсенал: Четири клуба застанаа во редот за неговиот потпис

Гендузи сака да го напушти Арсенал: Четири клуба застанаа во редот за неговиот потпис

После доаѓањето на Микел Артета во клубот, Матео Гендузи скоро и да падна во втор план.

Гендузи нема премногу простор за игра, а тука се и разните расправии со тренерот и тоа не му оди во прилог. Како што пренесуваат англиските медиуми Гендузи го известил клубот дека сака да замине.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Причината секако е минутажата и несогласувањата со тренерот. Наводно ситуацијата со Гендузи ја следат четири клуба.

Интерес за неговите услуги според информациите покажале Барселона, ПСЖ, Атлетико и Интер.

Останува да се види дали Арсенал ќе го пушти Гендузи да замине, сумата која се споменува е 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…