Дома Фудбал Англија Гвардиола: Стерлинг конечно почна да размислува

Гвардиола: Стерлинг конечно почна да размислува

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше пофални зборови за својот офанзивец Рахим Стерлинг после победата над Саутемптон со 6:1.

Стерлинг во натпреварот со Светците запиша два гола и една асистенција, а освен тоа беше креатор на бројни добри акции за Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кој е напредокот кај Стерлинг во однос на првата сезона под моја команда? Рамислувањето.. Првата сезона се плашеше, само гледаше на кој да ја додаде топката. Воопшто не размислуваше каде е противничкиот голман, само го бараше најблискиот соиграч.“ – изјави Пеп и додаде:

„Разговарав често за тоа со него. Му кажував почесто да се обидува да шутира, не е битно дали ќе промаши. Барав од него да биде агресивен.“

„Сега е играч кој ги решава натпреварите, а не треба да се заборави дека има само 23 години. Ако во главата го има тоа дека сака да биде подобар играч, со сигурност ќе го достигне.“

Рахим Стерлинг оваа сезона на девет натпревари во ПЛ постигна шест погодоци и запиша пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…