Манчестер Сити покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.
22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да ја победи конкуренцијата и во јануари да го доведе на „Етихад“.
„Граѓаните“ веќе започнале преговори со неговиот агент и наскоро ќе испратат понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.
Кефрен е брат на напаѓачот на Интер, Маркос Турам и е спремен да направи чекор напред во кариерата.