Напаѓачот на Манчестер Сити, Лерој Сане може да се пресели во Баерн Минхен по завршување на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.
Баварците преку целото лето беа заинтересирани за 23-годишниот Германец, но никако не можеа да најдат заеднички јазик со Манчестер Сити околу обештетувањето.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
„Билд“ пренесува дека интересот на Баерн се уште е голем и се во постојан контакт со неговиот агент.
За разлика од летото, сега ставот на „граѓаните“ е променет, па Манчестер Сити е спремен да го пушти на крајот на сезоната за сума од 85 милиони фунти.
Сане на првиот меч од сезоната заработи повреда на лигаментите на коленото, па се очекува на терените да се врати дури во март месец.